Friday, October 25, 2013

Соновите на Дебора Франк

Ноќ, месечина и чаша црвено вино. Таа седеше на прозорецот гледајки немо во ѕвездите во кои бараше одговор на своите прашања. Некој би помислил дека е луда, некој дека е осамена или пак оставена. Но не, грешите... сите грешите. Таа се казнуваше себеси, за грешките, за болките, за изборите ... Дозволи да и го водат животот онака како што тие сакаат.. Ве интересира ли кои се тие ? - Да, секако дека ве интересира. Е па тоа сте сите Вие кои бевте дел од она што таа тогаш го живееше, сите кои гледавте како тоне длабоко и не рековте ништо, а барем да речевте ... колку го посакуваше тоа тогаш,еден збор да изустевте ќе беше доволен да и го промените животот, а да и сите вие кои рековте но не кажавте ништо кое може да ја спречи, да ја вразуми, едноставно некои луѓе во нејзиниот живот никогаш ги немаа тие зборви кои ќе ја допрат.  Не, не ве овбинува, не сте вие ништо виновни. Тука единствениот виновник стои на прозорецот со чаша црвено вино во едната рака и телефонот во другата, а во мислите еден човек.  И ете ја повторно таа една солза, само една солза која и се сркала по лицето, но и удри во срцето. Виното не беше и нешто посебно или пак не го чувствуваше, па веќе не ни  се сеќаваше која чаша и беше по ред. На плеј листата Балашевич, срцето и го корнеше од градите, стихови и една мелодија која тотално и ја опишуваа безнадежноста во која живее, ја предизвикаа и нејзината наредна солза и таа после неа. Каде греши, или поточно, каде згреши ? Дали некој ќе знае да и одговри ? Дали таа сама некогаш ќе си одговори ? Болеше таа агонија што ја притискаше во градите, како да ја отворила пандорината кутија а надежта прва да и избегала од таму, по неа љубовта, а пак вербата никогаш не ја губеше. Можеби во некои луѓе никогаш не научи да верува, или пак не и дадоа ниту една добра причина, во себе пак веруваше, за чудо, беше голем егоист, себеси секогаш се ставаше на прво место, каква иронија.. смешно, но истовремено и трагично, беше толкав егоист што не дозволи никој друг да ја стави на прво место. А имаше сон, не еден повеќе, но тој сон кој го сруши самата, беше на прагот на своето остварување, можеби да се бореше повеќе, можеби да не и беше гордоста толку битна, денес, да точно денес ќе беше она што таа посакуваше да биде . А соновите остануваат само сонови ако не се борите за нив, ако вие не им дадете живот, ако не им дозволите да живеат. Во таквите моменти, кога не одеше а со сите сили пробуваше да продолжи, сила и даваше небото, бидејќи од секогаш знаеше дека кога ќе се загледа во него, една ѕвезда секогаш го имаше лицето,на еден нејзин сон.
ах, за момент ќе заборавев.. Да и таа не го сакаше Јануар. ;)
 
 

-Одразот на НЕЈЗИНАТА љубов.

Лаги, измами, предавства и трошки од љубов кои понекогаш ги добиваше од него. Таа со сета своја сила се трудеше да го задржи покрај себе, да го придобие и да не згреши. Сакаше да биде совршена, токму за него. Кога ќе се погледнеше на огледало, одразот кој го гледаше не беше таа, тоа беше она што тој го сака од неа. А тој сакаше совршенство, сакаше безпрекорност без мана. Успеа, таа успеа се претвори во една марионета, водена од љубовта. Понекогаш се прашуваше дали љубовта навистина ги оправдува сите оние нешта кои таа ги направи?Дали онаа љубов која и гореше во срцето, може да ги оправда нејзините заблуди? -Се прашуваше, а сепак знаеше дека греши, дека премногу се промени, само да ја освои неговата љубов. А што доби ? Не доби ништо повеќе од она што го очекуваше, знаеше, дека ќе биде така и повторно се препушти. Дозволи да ја водат кон темината на тунелот, од кој мораше да излегува сама. Понекогаш и самите знаеме дека не вреди, но немаме сила, неможеме, а сакаме, проклето сакаме да отпатуваме некаде далеку, далеку од сите, далеку од него.
Промени се што нему му пречеше, дури и бојата на нејзината коса. Да точно така, тој од неа се обидуваше да креира личност која тој сака да ја има покрај него, а тоа не беше таа .. Тоа беше неговото минато, живееше таму, а таа тоа го плати скапо. Зошто неа ? - Дали од сите токму од неа најде да претвора човек без своја личност ? Никогаш не била на овој начин понижена, без ниту еден збор а сепак подмолно, ја менуваше, дали тоа е љубов ? Таа незнаеше за таква љубов. Љубовта за која сонуваше со него не беше таква. А тој ? - Дали некогаш помислил дека со своето егоистично однесување повредува чувства? Ја повредува единствената личност која му понуди се без да бара за возврат ? - Понекогаш поради себичноста, некои личности забораваат на се, не гледаат ништо, газат се пред себе ... За жал, една таква личност одбра нејзиното срце,предводено од емоции.
Ја оттурна од себе, полека завесите кои и беа на очите и на срцето, тој ги искина, ги исфрли. А таа сфати дека тоа што го доби од него не е љубов. Нема ниту трошка љубов, тоа е едно МИНАТО, негово минато а таа несакаше за живее таму. Предолго купуваше време за него, но никој не се чека толку долго за да направи промена, а тој доцнеше, многу доцнеше, таа тоа време не си го даде ни себе, а нема да му го даде ни нему. Доцна е ...

-Дебора Франк

Sunday, October 13, 2013

Сакате ли да ви раскажам еден живот ?

Добредојдовте во Светот на соновите на една девојка, девојка која даде се од себе но не доби НИШТО, девојка која сакаше со сето свое срце но љубов не доби за возврат .
Токму таа девојка ќе ве води низ патишата на вистината и лагата, низ патиштата на нејзината душа, и болката на нејзиното срце.
Добредојдовте во Светот на ДЕБОРА ФРАНК. Свет на лаги, испреплетеност, емоции и љубов. Свет во кој главниот лик научи да губи, иако е роден да победува..
Уживајте во приказните кои животот знае да ги приреди на една девојка, која можеше да го живее својот сон, но не и преостана ништо друго освен да сонува, да чека и да се надева. Бидете со неа кога ќе го оствари својот сон и патот до таму ...
Ви посакувам топло добредојде и се надевам ќе уживате..

-Дебора Франк.