Thursday, February 5, 2015

Сакате ли да ви раскажам за една љубов ?


Дали некогаш Ви се случило да погледенете некоја личност и да знаете  „Да тоа е тој“ ? - Дали Ви се случило некогаш едноставно да чувствувате дека токму таа личност е изгубената половина која Ве исполнува комплетно. Да? - И мене ! -  Всушност ми се случува сеуште, ми се случува цели четири години. Да, среќна сум, всушност многу сум среќна, душата ми трепери на секој бакнеж, на секое те сакам. И викам, врескам, се смеам, да, да, да, тоа е човекот кој е моето второ јас, оној кој е моја поддршка, оној на кого му верувам и го ставам своето срце со затворени очи во неговите раце, бидејќи знам дека никогаш нема да го испушти, никогаш нема да го повреди. Оној кој е мое се ! - Да токму тој кој знае некогаш да претерува, оној кој е горд инаетчија, за кој белото е црно, а црното, бело, оној кој го сакам токму таков. Да, јас сум Благословена бидејќи Бог ми прати човек кој никој, никогаш и никаде нема да го замени, бидејќи покрај мене го имам оној на кој секогаш ќе му се враќам, бидејќи никој поубаво од него не ми рекол „Те сакам“, бидејќи заедно имаме се, имаме љубов, имаме сонце во очите, имаме заеднички планови. Големи планови, не од оние кои поминуваат. Имааме заедничка иднина и заеднички соништа ... Бидејќи тој е јас, а јас сум тој.. Бидејќи оваа љубов не поминува НИКОГАШ !

Сама на дождот

Мирисот на зима се ширеше насекаде,  ладниот ветер ја удираше во лицето, но таа не го чувствуваше тоа ... болката не и дозволуваше, солзите ја гушеа, крвта и вриеше.. Седеше на клупата каде што тој ја остави. Во мислите и беше само едно прашање на кое не успеа да го слушне одговорот. Го молеше да и одговори зошто ?! - Но кога љубовта ке избледи на прашањето зошто нема ниту едно затоа. Едниот секогаш ќе молчи како кукавица, а другиот пак со солзи ќе моли за да ја дознае причината. Во нејзиниот случај таа беше онаа која молеше за причина. ...Зарем во сите овие години таа беше онаа која живееше во заблуда дека покрај себе има човек со кого може да има некаква, било каква иднина ? Зарем после сето тоа што таа му го даде... тој кукавички му го забоде ножот во грб, и немајки храброст да ја погледе во очите замина и ја остави сама да тоне како Титаник кој се руши од таа голема ледена тврдина, токму такво ли му беше срцето на човекот кој го гледаше со заљубен поглед?! Дали тоа се случуваше или едноставно сонуваше, го молеше Бога да е сон, се штипна за раката со надеж дека ќе се разбуди, но залудно, од тој кошмар немаше спас, немаше ниту излез, ниту лек. Остана сама без ниту едно одговорено прашање. Седеше така немо, болно и гледаше во небото додека дождот и ги криеше солзите, не помисли дека случајните минувачи ја гледаат чудно, но не и беше ниту малку грижа, бидејќи ниту еден од нив не ја живееше нејзината болка, ниту еден не ја загубил љубовта и човекот со кој имаше се. Таа беше единствена, таа беше и никој друг. Научена да губи, стана и замина зад себе остави многу солзи кои дождот ги изми за секунда, не оставајќи ништо за да се сеќава на таа љубов, за која никогаш нема да знае зошто заврши.

Јас одбрав да бидам среќна


Кога се разбуди утрото почувствува некаква чудна енергија, ведрина, топлина и среќа. Повторно дишеше слобдно, со секоја нова воздишка таа чусвствуваше како градите и се исполнуваат со живот, со нов живот, среќен живот. Да, токму оној живот на кој беше заборавила дека го имаше некогаш, пред да го запознае оној со заборави дека е жива, дека постои, да, со него заборави дека таму некаде постои среќа која чека да биде изживеана.
Но денес е се поинаку, таа живее во Свет каде што насмевката повторно го краси нејзиното лице, се погледна на огледало, се намсевна и помисли: „да вака сум поубава, да вака сум посреќна, јас одлучив да бидам среќна, да се радувам, да го славам животот, оној живот без него, животот без лаги и понижувања“. Сега како сонцето да светеше посилно, воздухот да мирисаше на јоргован, а во душата да и беше пролет.  
Убав ден, убави мисли, а со тоа и онаа стара позитивност која некогаш ја имаше, повторно зрачеше од неа, сите ја забележаа нејзината промена, беше поинква.. да и таа го забележа тоа. Се разбуди од сонот во кој живееше, сонот кој всушност беше нејзин кошмар и нејзин рај истовремено, сега е време некој друг да го живее. Нека ги искуси сега некој друг сите солзи кои ги пиеше секоја вечер на својата перница. Нека ги стегне тој „некој“ забите и нека проба да заборави, нека проба да живее со она се што го кажа, бидејќи таа предолго стегаше заби и врискаше од болка, молејќи на колена, но не доби ништо за возврат.

Долго чекаше да се разбуди тој „некој“ од сонот на заслепеноста која ја имаше како еден мангуп од Широк Сокак по кој сите лудуваат, а таа го сакаше. Но да, конечно дојде денот кога таа пред сета нејзина љубов ја стави нејзината среќа и сфати дека бадиела и е таа љубов кога не е среќна, сфати дека еден кога сака малку е.. и затоа се одлучи да не биде повеќе онаа девојка со скршено срце, таа реши да биде среќна, навистина среќна па макар и да е сама, бидејќи нема ништо побитно од моментот кога ќе ја видиш својата искрена насмевка на одразот од огледалото. 

Бестрага



       Една ѕвезда падна, погледни.. ене ја онаму .. Таа блескаше во името на љубовта која ја изгубивме, блескаше, се трудеше... се трудевме и ние, многу се трудевме но ништо од тоа, можеби беше погрешно времето, можеби бевме погрешни ние или пак се беше вистинско но ние незнаевме да го препознаеме, што и да е човеку сега се помина, се исчезна, не остана ништо од таа насмевка која взаемно си ја стававме на лицата, од лудоста.. се сеќаваш колку бевме, малди, луди и среќни ?... Се сеќаваш ли ? – Секако дека се сеќаваш, исто како и јас што се сеќавам, исто како и мене што ме боли душата, како што мене ме боли секоја коска во ова тело кога ќе помислам дека се замина во бестрага.
        Немој, те молам немој да стоиш и само да ме гледаш, кажи нешто, еден збор, една буква.. нешто што ќе ми ја ублажи оваа болка која ми го пара срцето. Зарем немаш што да кажеш ? Немаш ли ? Тонам пред твоите очи и не ми подаваш рака, онаа последната рака која се дава за спас.. не ја добивам од тебе .. никогаш не сум ја ни добила. Секогаш беше кукавица, кога е најтешко заминуваше, едноставно исчезнуваше и те немаше со денови .. а јас ? – сакаш ли да знаеш што правев јас ? – Се гушев од болка на секое титкање на тонот од повиците на кои никогаш не добив одговор. Барем сега кога веќе си тука кажи, изусти еден збор макар и да е лага, кажи нешто, гледај ме во очите и кажи ми НЕ МЕ САКАШ ЛИ ?! Или бегај кукавицо бегај, не мора да зборуваш ништо, одете во бестрага и ти и твоите зборови кои никогаш не ги кажа, не ми требаат веќе, не ми требаш ниту ти, ниту твојот страв од љубовта. Бегај, оди си.. ете и сам гледаш падна и нашата најсветла ѕвезда и таа се откажа и неа ја нема повеќе ... не нема и нас .. се е изгубено. Готово е веќе..


***to be continued***