Thursday, February 5, 2015

Сама на дождот

Мирисот на зима се ширеше насекаде,  ладниот ветер ја удираше во лицето, но таа не го чувствуваше тоа ... болката не и дозволуваше, солзите ја гушеа, крвта и вриеше.. Седеше на клупата каде што тој ја остави. Во мислите и беше само едно прашање на кое не успеа да го слушне одговорот. Го молеше да и одговори зошто ?! - Но кога љубовта ке избледи на прашањето зошто нема ниту едно затоа. Едниот секогаш ќе молчи како кукавица, а другиот пак со солзи ќе моли за да ја дознае причината. Во нејзиниот случај таа беше онаа која молеше за причина. ...Зарем во сите овие години таа беше онаа која живееше во заблуда дека покрај себе има човек со кого може да има некаква, било каква иднина ? Зарем после сето тоа што таа му го даде... тој кукавички му го забоде ножот во грб, и немајки храброст да ја погледе во очите замина и ја остави сама да тоне како Титаник кој се руши од таа голема ледена тврдина, токму такво ли му беше срцето на човекот кој го гледаше со заљубен поглед?! Дали тоа се случуваше или едноставно сонуваше, го молеше Бога да е сон, се штипна за раката со надеж дека ќе се разбуди, но залудно, од тој кошмар немаше спас, немаше ниту излез, ниту лек. Остана сама без ниту едно одговорено прашање. Седеше така немо, болно и гледаше во небото додека дождот и ги криеше солзите, не помисли дека случајните минувачи ја гледаат чудно, но не и беше ниту малку грижа, бидејќи ниту еден од нив не ја живееше нејзината болка, ниту еден не ја загубил љубовта и човекот со кој имаше се. Таа беше единствена, таа беше и никој друг. Научена да губи, стана и замина зад себе остави многу солзи кои дождот ги изми за секунда, не оставајќи ништо за да се сеќава на таа љубов, за која никогаш нема да знае зошто заврши.

No comments:

Post a Comment